Десеткратниот првак Реал Мадрид и англискиот премиерлигаш Манчестер Сити се првите патници во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.


„Кралевите“ во полуфиналниот двомеч го елиминираа тимот на Волфзбург со вкупни (3-2). Кристијано Роналдо со два брзи погодоци во првиот дел ја анулираше предноста на германците од првиот меч, а со уште еден вкупно трет погодок им го трасираше патот во полуфиналето на шпанците. 


Манчестер Сити за прв пат во својата историја ќе игра во полуфиналето од ЛШ откако во четвртфиналето го помина Пари Сент Жермен со резултат 3-2. „Граѓаните“ славеа минимално со 1-0, а стрелец на победничкиот погодок беше Кевин де Брујин во 78-та минута од натпреварот.


Останатите екипи учесници во 1/2 финалето ќе бидат подобрите од дуелите меѓу Атлетико Мадрид – Барселона (1-2) и Бенфика – Баерн Минхен (0-1).

OhridNews