Португалскиот фудбалски ас Кристијано Роналдо со два погодоци стигна до 16-от во ЛШ и само го дотолчи баварскиот клуб во 1/2 финалето.

По завршување на мечот Роналдо му се заблагодари на италијанскиот стратег Карло Анчелоти и потенцираше дека пласманот во финалето е негова заслуга и го „заборави“ Жозе Мурињо, кој три сезони беше на чело на Реал Мадрид.

– Сите заслуги одат за Карло Анчелоти. Тој не промени на сите нас. Ни го промени менталитетот. Да му дадеш четири погодоци на Баерн Минхен на нивни терен не е лесно. Цел тим одигра максимално квалитетно и сите сме таму кај што сакаме во финалето – истакна Роналдо.

Покрај победата и пласманот во финалето Роналдо стана и рекордер по број на погодоци во една сезона.

Мх.П.