Двојниот стрелец во полуфиналниот дуел на Сантијаго Бернабе, Кристијано Роналдо во пенал серијата прв погреши, што влеа голема доза на несигурност во следните изведувачи. Бројките зад името на Роналдо, во дресот на Реал Мадрид се импозатни, на 140 меча постигнал 142 гола.


Од пристигнувањето во таборот на “кралевите“ од Манчестер Јунајтед, Роналдо погодил 25 пенали по ред, вклучувајќи го и ударот од белата точка во регуларниот тек од мечот со Баерн Минхен, но кога најмногу му требаше на екипата, португалецот промаши.


За Кристијано Роналдо, ова е не` е прв пат да промаши пенал. Во московското финале,  Манчестер Јунајтед го совлада Челси по изведувањето на пенали, а португалецот беше едиствен кој промаши од белата точка кај “црвените ѓаволи“.


Благодарение на капитенот на “сините“ Џон Тери кој се лизна во петтата серија и промаши Јунајтед остана во игра. Во седмата серија холанѓанецот на голот на “црвените ѓаволи“ Едвин Ван дер Сар го скроти ударот на Ањелка и Манчестер се закити со третата европска круна.

Истата приказна беше и со асот на Барселона, Лионел Меси. Кој никогаш во кариеарата не промашил пенал, а да не му одбрани голманот, значи секогаш ја погодувал, мрежата или голманот никогаш пречката или стативата, но ете на мечот со Челси, ја погоди пречката и Барселона се збогуваше од финалето.


Во финалето кое ќе се одигра на Алијанц Арената, нема да ги гледаме мајсториите на Роналдо, Озил, Иниеста, Чави и Меси туку борбеноста до последната капка крв на Лампард, Дрогба, Рибери, Робен и останатите. . .

Мх.П.