Најдобриот светски фудбалер Кристијано Роналдо и неговиот сонародник Жозе Мурињо беа главни актери на дербито помеѓу Јувентус и Манчестер Јунајтед кое заврши со триумф на англичаните 2-1.

Роналдо во 65-та минута го отвори резултатот, но не обично за него го прослави погодокот против клубот кој го афирмираше во играч од светски калибар. После целата прослава Роналдо со молба за прошка се упати кај навивачите на Манчестер Јунајтед. Неговата радост немаше да биде чудна ако и погодокот против Манчестер Јунајтед на Олд Трафорд пред пет сезони во дресот на Реал Мадрид го прославаше. Но, тогаш тој ги крена рацете и не покажа никакви емоции.

Во ист стил после завршување на мечот врати Жозе Мурињо кој со рацете на ушето ги прашуваше домашните фанови за конечниот резултат. Португалскиот стручњак не е омилен лик во Торино, бидејќи со Интер беше констатно на нож со екипата на Јувентус. На Мурињо му се нафрлија играчите на Јувентус, но се смири брзо и помина без инциденти.

Јувентус и покрај поразот останува лидер во групата со девет бодови, а Манчестер Јунајтед ја задржа втората позиција, откако ја нападна Валенсија со трумфот над Јанг Бојс 3-1.

ЛШ: „Ѓаволски“ пресврт на Манчестер Јунајтед за победа во Торино (видео)

OhridNews