Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, ќе биде подготвен за реванш мечот со Борусија Дортмунд во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони.


Португалцот поради повреда го пропушти градското дерби со Атлетико Мадрид во “Ла Лига“. “Кралскиот клуб“ и без него во составот забележаа победа од 2-1.

За реванш дуелот со “милионерите“ во составот неоходен е Роналдо. “Лос бланкос“ на првиот меч претрпеа убедлив пораз од 4-1 и за пласман во финалето ќе мораат да направат подвиг за да обезбедат виза за Вембли.

Сезонава португалскиот интернационалец е најдобар стрелец во Лигата на шампиони со 12 постигнати погодоци.

Мх.П.