Најдобриот фудбалер на планетата Кристијано Роналдо ќе се опорави од повредата и ќе биде во екипата за реванш натпреварот со Борусија Дортмунд во Лигата на Шампиони.
Роналдо повредата ја заработи на првиот четвртфинален меч со германците кој кралскиот клуб го доби со 3-0. Реванш натпревар се игра вторник со почеток во 20:45 часот.
Без услугите на португалскиот репрезентативец фудбалерите на Реал Мадрид убедливо триумфираа 4-0 против Реал Сосиедад во најсилната шпанска лига.
Мх.П.