По двомесечна пауза на сцена се враќа Лигата на Шампиони со натпреварите од 1/8 финалето. Денеска на програмата се два дуели, италијанскиот Милан ќе се сретне со англискиот Тотенхем додека Валенсија ќе ги одмери силите со германскиот преставник Шалке.


Шесткратниот освојувач на трофејот Милан на патот до 1/4 финалето против себе ќе го има хитот на оваа сезона во Лигата на Шампиони, Тотенхем. “Петлите“ мошне ослабени патуваат на Сан Сиро, во четата на Хари Реднап ќе недостасуваат Герет Бејл, Лука Модрич, Питер Крауч додека во одбраната ќе ги нема стандарните Ледли Кинг и Јоанес Кабул.


Во таборот на “росонерите“ право на настап немаат зимските засилувања Антонио Касано, Марк ван Бомел и Емануелсон кои веќе имаат настапувано за своите “бивши“ клубови во најеминетното натпреварување. Масилимијано Алегри ќе има сериозни проблеми со составуње на составот во средниот ред на распологање ги нема “моторот“ на екипата Андреа Пирло, капитенот Амбросини и Кевин принц Боатенг.


Двојки: 20:45 Валенсија – Шалке, Милан – Тотенхем

Мх.П.