Поради повредата на палецот најдобриот фудбалер на Олд Трафорд сезонава, Вејн Руни, би можел да го пропушти реванш натпреварот со Баерн Минхен во 1/4 финалето во Лигата на Шампиони.

Во првиот натпревар одигран во вторникот „црвените ѓаволи“ ремизираа 1-1 со Европскиот првак, а во реваншот без Руни и веќе повредениот Робин ван Перси ќе немаат ни минимални шанси за изненадување.
Мх.П.











