Напаѓачот на Манчестер јунајтед, Вејн Руни откако во вторникот против романскиот претставник Отелул Галати постигна два гола, стана најдобриот стрелец во историјата на англискиот фудбал во најсилното континентално клупско фудбалско натпреварување.


Дваесет и петгодишниот Вејн Руни со ова го мина досегашниот рекордер, соиграчот од манчестерските „црвени ѓаволи“ Пол Сколс, кој постигна 24, трет е Франк Лампард од Челзи со 20 а четврт е Стивен Џерард од Ливерпул со 19 постигнати голови во Лигата на шампионите.

Руни првите голови во ЛШ ги постигна во септември 2004 година против турски Фенербахче, кога во победата на Манчестер јунајтед со 6:2 тој со наполнети 18 години учествуваше со три гола.

Интересно е што Руни е најефикасниот англиски фудбалер во Лигата на шампионите, но е и најефикасниот британски играч во истото натпреварување. Имено, неговиот соиграч, Велшанецот Рајан Гигс, има постигнато 29 голови.

Ohridnews