Екипата на ЖРК Вардар во полуфиналето од Лигата на шампионите ќе игра со екипата на Ростов Дон, кој е дебитант на завршниците во најквалитетното европско клупско натпреварување. Во другото полуфинале ќе се сретнат актуелниот ампион Ѓер и ЧСМ Букурешт.
Нема лесни и тешки ривали. Сите се фаворити на Ф4 турнирот во Будимпешта. Немаме никакви потценувања кон екипата на Ростов. Тие досега покажаа дека се сериозен тим. Знаеме точно што не очекува и како треба да играме. Веќе се сретнавме со нив пред почетокот на сезоната на турнир во Скопје. Најважно е ние добро да играме, да продолжиме со подобрување на формата. Секоја екипа има свои добри и слаби страни. Ние ќе се обидеме да ја подобриме нашата форма и да најдеме начин да го неутрализираме ривалот. Mожеби е добро што нема да играме со Ѓер во полуфиналето, пред сѐ поради домашниот терен. Секако ако сакаме да играме во финале па и понатаму треба да бидеме добри на секој меч. Останува сега добро да се подготвиме. – изјави Ирина Дибирова после ждрепката.
Завршниот Ф4 турнир ќе се игра во арената „Ласло Пап“ во Будимпешта, на 12-ти и 13-ти мај. Термините за саботните полуфиналиња се 15:15 и 18:.00 часот, но дополнително ќе биде одредено кој меч кога ќе се игра.
OhridNews