По одлежаната суспензија од еден натпревар поради жолти картони во составот на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар со Реал Мадрид се враќа Роберт Левандовски.

Минатата сезона во првиот полуфинален натпревар токму на овие две екипи Левандовски постигна четири погодоци, Дортмунд триумфираше со 4-1, а подоцна обезбедија пласман во финалето.
Затоа со него во нападот, а плус ако биде и расположен „милионерите“ можат да се надеваат на уште една историска ноќ на Сигнал Идуна Парк.
Мх.П.











