По одлежаната суспензија од еден натпревар поради жолти картони во составот на Борусија Дортмунд за четвртфиналниот натпревар со Реал Мадрид се враќа Роберт Левандовски.

Неговото отсуство беше и тоа како видливо на првиот дуел одигран во Шпанија, кој Европскиот вицепрвак го изгуби со 3-0, а можеше и поубедливо.

Минатата сезона во првиот полуфинален натпревар токму на овие две екипи Левандовски постигна четири погодоци, Дортмунд триумфираше со 4-1, а подоцна обезбедија пласман во финалето.

Затоа со него во нападот, а плус ако биде и расположен „милионерите“ можат да се надеваат на уште една историска ноќ на Сигнал Идуна Парк.

Мх.П.