Она што му требаше на Реал Мадрид од почетокот на мечот, го направи во 83-та минута кога Бензема го постигна водечкиот погодок. Пет минути подоцна дефанзивецот Серхио Рамос реагираше доста спретно во казнетиот простор и го зголеми резултатот на 2-0.
Во судиското продолжение “кралевите“ немаа посериозна шанса да стигнат до резултатот, кој ги водеше на Вембли.
Дортмунд уште на стартот од вториот дел можеше да го реши прашањето за патникот во финалето. Но, Левандовски ја погоди гредата, а Диего Лопез успеа да спаси чист погодок по ударот на Гундоганг.
За германско финале на Вембли, во вториот полуфинален натпревар треба Баерн Минхен да ја обрани предноста од 4-0 против Барселона која ја стекна на Алијанц Арената.