По пласманот на Реал Мадрид во финалето од Лигата на Шампиони остана само едно празно место, а тоа ќе се пополни откако ќе се одигра реваншот од вториот полуфинален натпревар меѓу Челси и Атлетико Мадрид

Атлетико Мадрид во не така богатата историја само еднаш учествувал во финалето и загубил од Баерн Минхен и тоа во сезона 1973-74.
Челси може да се пофали со една титула во ЛШ освоена во 2012 година победувајќи го Баерн Минхен во финалето на „Алијанц Арената“.
„Сините“ имаат играно уште едно финале во Москва 2009 година, но го загубија од Манчестер Јунајтед на пенали.
Менаџерот на Челси, Жозе Мурињо се врати на „Стемфорд Бриџ“ да ја исполни незавршената мисија, а тоа е да ја освои Лигата на Шампиони со тимот од Лондон.
Пак „јорганџиите“ кои се вистински хит сезонава имаат изгледни шанси да се пласираат во финалето.
Мх.П.











