Македонскиот ракометен првак Вардар на сензационален начин елиминирајќи го Европскиот првак Хамбург обезбеди пласман во 1/4 финалето во Лигата на шампиони.

Херој на вардарци е чуварот на мрежата, Петар Ангелов, кој имаше 15 успешни интервенции, a пласманот во ТОП 8 фазата беше остварен без најдобриот ракометар Тимур Дибиров и Стојанче Стоилов, кој се повреди на стартот од натпреварот.
Македонскиот ракомет во четвртфиналето ќе има два претставника откако и Металург се пласираше меѓу најдобрите осум по двојната победа над Колдинг.
Мх.П.











