Во вторник ќе се одиграат натпреварите од претпоследното коло, во Лигата на шампиони, во групите Е, Ф, Г и Х. Од овие четири групи само екипата на Манчестер Јунајтед веќе го обезбеди пласманот во осминафиналето.

Токму поради тоа менаџерот на ‘црвените ѓаволи’, Алекс Фергусон, одлучи
во Истанбул на мечот со Галатасарај да патува без најголемите ѕвезди.

Во вториот меч од оваа Х група, Клуж ќе ја пречека Брага, екипата која
ќе загуби може да се збогува со шансите за пласман во нокаут рундата.

Најмногу неизвесност се очекува да има во Е групата, каде единствено без шански е Нордсјеланд. Данскиот шампион ќе му биде домаќин на Шахтјор, кој со победа речиси ќе обезбеди пласман во следната рунда.

Дербито во групата ќе го одиграат Јувентус и актуелниот европски првак
Челзи, чија форма, во последните четири недели оди во надолна линија.
Англичаните се сепак во подбра позиција бидејќи и нерешен резултат ширум
ќе им ги отвори портите кон осминафиналето.

Валенсија и Баерн, во Ф групата се борат за првото место на табелата, но
БАТЕ Борисов кој го пречекува Лил, со евентуална победа, дополнително
може да ги закомпликува работите во оваа конкуренција.

Интересни натпревари ќе бидат на програмата и во Г групата, Барселона по
поразот од Селтик, во Москва против Спартак ќе бара еден бод за да ги
реши дилемите околу пласманот во нокаут рундата.

На пласман меѓу најдобрите 16 се надева и Селтик, кој ќе и гостува на
Бенфика, шкотскиот тим може да обебзбеди пласман во осминафиналето,
доколку освои бод против Бенфика, а Барселона го победи Спартак.

Група Е:
Нордсјеланд-Шахтјор, Јувентус-Челзи

Табела: Шахтјор 7, Челзи 7, Јувентус 6, Нордсјеланд 1

Група Ф:
БАТЕ Борисов-Лил, Валенсија-Баерн Минхен

Табела: Баерн 9, Валенсија 9, БАТЕ 6, Лил 0

Група Г:
Спартак Москва-Барселона, Бенфика-Селтик

Табела: Барселона 9, Селтик 7, Бенфика 4, Спартак 3

Група Х:
Галатасарај-Манчестер Јунајтед, Клуж-Брага

Табела: Манчестер Јунајтед 12, Галатасарај 4, Клуж 4 , Брага 3

“Макфакс“