Македонскиот првак Шкендија претпре пораз и во вториот натпревар против Партизан со 1-0 и со севкупни 5-0 се опрости од натпреварите во елитното клупско натпреварување.


“Балистите“ може да жалат за пропуштените шанси во првиот дел во кои предничеше најдобриот играч на Шкендија, Ферхан Хасани. Напаѓачот го покажа својот талент но не и потребното квалитативно ниво за да блесне во Европа.


Казната за нереализираните прлики стигна по еден час игра преку резервистот Јованчиќ. По приемниот гол фудбалерите на Шкендија застанаа, а последниот момент за одбележување е директниот црвен картон на Хусени по стартот над Нинковиќ.


Партизан за влез во Лигата на шампиони ќе игра против белгискиот првак Генк.

Ohridnews