Од фудбалските храмови Ноу Камп и Олд Трафорд започнува четвртфиналната треска во Лигата на Шампиони.

„Црвените ѓаволи“ без најдобриот стрелец Робин ван Перси, а „баварците“ без шпанскиот репрезентативец Тијаго Алкантара ќе пишуваат нови страница во нивите меѓусебни пресметки.
На Ноу Камп, Барселона во шпанската пресметка ќе го пречека Атлетико Мадрид, кој сезонава е вистинско освежување за фудбалска Европа.
Атлетико Мадрид решително влезе сезонава да им парира на Реал Мадрид и Барселона во „Ла Лига“, а сега тоа треба да го направи и во Лигата на Шампиони.
Мх.П.











