Со одбрана зицер во последните мигови од мечот голманот Арпад Штербик донесе реми (21-21) и не дозволи пораз на Вардар на гостувањет во Манхајм кај составот на Рајн Некар Левен.

Целиот натпревар помина во знакот на одбраната, бидејќи нападите во двата состави не беа на некое завидно ниво. Рајн Некар тешко постигнуваше голови, додека „вардарци“ три пати во текот на мечот по пет минути немаа погодено во мрежата на противникот.

На крајот токму одбраните го решаваа мечот, а последниот збор го имаше Штербик кој му го скроти ударот на Гвардиола за заслужен бод и продолжување на серијата без пораз во Лигата на Шампиони.

Европскиот шампион останува на првата позиција во групата со седум победи и две нерешени средби, додека Рајн Некар се симна позиција подолу и сега се наоѓа на третото место после тимот на Нант.

OhridNews