Што се случува со фудбалот во Хрватска ?? За мечот Динамо Загреб – ПСЖ од третата рунда во Лигата на Шампиони продадени се само 6465 влезници.


Разноразните реклами и наградни игри не го дадоа посакуваниот ефект за полнење на “Максимир“. Кога на тоа ќе се додаде атрактивноста на противникот проблемот е поголем. Во францускиот тим настапуваат ѕвезди како Ибрахимовиќ, Тијаго Силва, Пасторе и Лавеци кои сигурно во останатиот дел од балканот па и светот би имало редици луѓе за слика или автограм, но тоа во Хрватска не е случај.


 
И самата репрезентација на Хрватска шета од еден град во друг. Селекторот на “коцкастите“, Игор Штимац јавно го искажа незадоволството од однесувањето на навивачите кон националната селекција.

Мх.П.