Актуелниот првак во Лигата на Шампиони, Челси, Манчестер Јунајтед и Барселона забележаа победи на гостински терен. “Сините“ триумфираа над Нордсјеланд 4-0, “црвените ѓаволи“ славеа со 2-1 додека “блауграната“ со 2-0.


Изненадување на вечерта е победата на Бате Борисов над Баерн Минхен, и ремито на Јувентус пред своите гледачи со Шахјтор. Брага освои три драгоцени бодови совладувајќи го Галатасарај во Турција.

Резултати :

Група Е: Нордсјеланд – Челзи 0-4, Jувентус – Шахтјор 1-1.


Табела : Челси 4, Шахјтор 4, Јувентус 2, Нордсјеланд 0.

Група Ф: БАТЕ Борисов – Баерн Минхен 3-1, Валенсија – Лил 2-0.


Табела : Бате Борисов 6, Баерн Минхен 3, Валенсија 3, Лил 0.

Група Г: Спартак Москва – Селтик 2-3, Бенфика – Барселона 0-2


Табела : Барселона 6, Селтик 4, Бенфика 1, Спартак Москва 0.

Група Х: Клуж – Манчестер Јунајтед 1-2, Галатасарај – Брага 0-2.


Табела : Манчестер Јунајтед 6, Клуж 3, Брага 3, Галатасарај 0.

Мх.П.