Сите погледи во осминафиналните натпревари на програмата во вторник ќе бидат в перени на „Стемфорд Бриџ“ каде ќе се сретнат Челси и Галатасарај додека мечот Реал Мадрид – Шалке ќе биде чиста формалност по убедливата 6-1 победа на „кралевите“.

Првиот дуел од двомечот заврши во Турција без победник 1-1 и затоа ќе биде во фокусот на цела Европа. Секако дека најголемо внимание ќе привлече Дидиер Дрогба бидејќи најголемите успеси во кариерата ги направи во дресот на Челси.

– Дрогба е еден од најважните фудбалери во историјата на Челси и нема некој навивач на клубот што не би се сложил со тоа. Тој не е стариот, кој ги решетеше мрежите бидејќи нема веќе 26 години, но сепак е меѓи најдобрите напаѓачи во светот – рече португалскиот стратег Жозе Мурињо.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска обезбеди место во историјата откако го постигна победничкиот пенал во серијата со Баерн Минхен во финалеот пред две сезони.

Мх.П.