Навивачите на Зенит направија голем пропуст и скандал, кој може да предизвика дополнителни реакции откако на мечот со Борусија Дортмунд во Лигата на Шампиони на трибините го запалија германското знаме.

Зенит успеа да победи 2-1 на вториот дуел со Дортмунд, но не и да обезбеди пласман бидејќи пред своите гледачи претрпе пораз од 4-2 и се збогуваше од Лигата на Шампиони.

Сите овие погодоци и убавата престава на двете екипи во двата натпревари паднаа во вода откако навивачите на Зенит среде Германија го пламнаа нивното знаме.

Мх.П.