Сребрениот јубилеј е мала утеха за Роналдо откако “кралскиот клуб“ претрпе висок пораз на “Сигнал Идуна Парк“ 4-1 и си ги намали шансите за пласман на Вембли.
До педесетте голови во најеминетнотот натпреварување Португалецот стигна во 91 натпревар, а најбрз во тоа достигнување е Руд ван Нистерлој, кој до 50 погодоци стигнал на 62 мечеви.
Дебитанскиот погодок во ЛШ, Роналдо го постигнал против Рома во дресот на Манчестер Јунајтед во победата од 7-1. Тогаш португалскиот репрезентативец успеал уште еднаш да се запише во листата на стрелци.
Роналдо за “црвените ѓаволи“ погоди и во финалето против Челси кое се одигра во Москва кога после пеналите четатата на Сер Алекс Фергусон ја покори Европа.
Најдобар стрелец во историјата на Лигата на Шампиони е поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Раул Гонзалес со 71 погодок, Лионел Меси со 59, Руд ван Нистерлој со 56, Роналдо со 50 и Тиери Анри 50.