Долго не се памети од кога во групната фаза во Лигата на Шампиони екипа не продолжила понатаму а да има 12 бодови. Тоа му се случи на Наполи каде настапува македонскиот интернационалец Горан Пандев.

Разврската во Ф групата беше драматична. Борусија Дортмунд со погодокот на Гроскројц забележа победа 2-1 против Олимпик Марсеј, а „азурите“ триумфираа со 2-0 над Арсенал и за еден гол остана дефицитарни.

Наполи има послаба гол разлика во минитабелата која се прави меѓу Арсенал и Дортмунд и натпреварите ќе ги продолжи во Лигата на Европа.


Резултати :

Група Е: Челзи-Стеауа 1-0, Шалке-Базел 2-0

Табела: Челзи 12, Шалке 10, Базел 8, Стеауа 3

Група Ф : Наполи-Арсенал 2-0, Олимпик Марсеј-Борусија Дортмунд 1-2

Табела: Арсенал 12, Борусија 12, Наполи 12, Олимпик 0

Група Г : Атлетико Мадрид-Порто 2-0, Австрија Виена-Зенит 4-1

Табела: Атлетико 16, Зенит 6, Порто 5, Австрија 5

Група Х: Милан-Ајакс 0-0, Барселона-Селтик 6-1

Табела: Барселона 13, Милан 9, Ајакс 8, Селтик 3.

Екипи патници во 1/8 финалето како првопласирани : Барселона, Атлетико Мадрид, Арсенал, Челси, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид, Баерн Минхен, ПСЖ.

Екипи патници во 1/8 финалето како второпласирани : Милан, Зенит, Дортмунд, Шалке, Олимпијакос, Манчестер Сити, Галатасарај, Леверкузен.

Мх.П.