Бранителот на трофејот во Лигата на Шампиони, Баерн Минхен во осминафиналето ќе се сретне со лидерот во Премиер лигата, Арсенал.
И минатата сезона „баварците“ се сретнаа со „топчиите“ во 1/8 финалето и од тука почна шампионскио поход на германците кон петтата титула во ЛШ.
Седумкратниот освојувач на трофејот во ЛШ, Милан имаше среќа при ждрепката откако за противник го доби Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ се квалитетен, но и атрактивен противник затоа „росонерите“ можат да бидат задоволни од ждрепката.
Дерби средба покрај Арсенал – Баерн Минхен секако е англиско-шпанската пресметка меѓу Манчестер Сити и Барселона.
Двојки : Баер Леверкузен – ПСЖ, Милан – Атлетико Мадрид, Олимпијакос – Манчестер Јунајтед, Галатасарај – Челси, Манчестер Сити – Барселона, Шалке – Реал Мадрид, Зенит – Дортмунд, Арсенал – Баерн Минхен.
Првите осминафинални дуели ќе се одиграат на 18/19 февруар.
Мх.П.