Голманот на Металург Дарко Станиќ се најде во најдобрата седумка, на шестото коло во ракометната Лига на шампиони.

Станиќ, на натпреварот со Киелце, на кој Металург загуби со 21:20, имаше
17 успешни интервенции со кои го заслужи местото во идеалната седумка.

Покрај Станиќ место во тимот на колото заслужија, лево крило: Адреас
Јансен (Фленсбург), лев бек: Михал Јурецки (Киелце), централен бек:
Домагој Дувњак (Хамбург), десен бек: Лука Степанчиќ (Загреб), десно
крило: Гаспер Маргуч (Цеље), кружен напаѓач: Ренато Сулиќ (Веспрем).

“Макфакс“