Италијанскиот првак Јувентус запиша нови три бодови на табелата во Х групата во Лигата на Шампиони победувајќи го Манчестер Јунајтед со 1-0 на Олт Трафорд во дербито од третата рунда во фазата по групи.

„Старата дама“ со организирана и тактичка игра го неутрализираше домашниот состав кој креираше само една посериозна прилика за погодок. Италијаните поведоа со 1-0 во 17-та минута со голот на Пабло Дибала, а „ѓаволите“ до изедначување најблиску беа после ударот на Пол Погба кој заврши во стативата.

Во целина земено Манчестер Јунајтед одигра нов блед натпревар, додека „бјанконерите“ со трите ја остварија целта и се зацврстија на првата позиција во групата. За две недели двете екипи повторно ќе ги одмерат силите, но домаќин ќе биде Јувентус во Торино.

Резултати:

Група Е: АЕК – Баерн Минхен 0-2 Ајакс – Бенфика 1-0

Табела: Ајакс 7, Баерн Минхен 7, Бенфика 3, АЕК 0

 

Група Ф: Хофенхајм – Лион 3-3, Шахјтор – Мен Сити 0-3

Табела: Мен Сити 6, Лион 5, Шахјтор 2, Хофенхајм 2

 

Група Г: Реал Мадрид – Викторија Плзен 2-1, Рома – ЦСКА Москва 3-0

Табела: Реал Мадрид 6, Рома 6, ЦСКА Москва 4, Викторија Плзен 1

 

Група Х: Јанг Бојс – Валенсија 1-1, Манчестер Јунајтед – Јувентус 0-1

Табела: Јувентус 9, Мен Ју 4, Валенсија 2, Јанг Бојс 1

OhridNews