Пресмеката во Торино помеѓу актуелниот првак на Италија, Јувентус и моменталниот лидер на табелата во Шпанија, Барселона е во фокусот од мечевите од А-Д сегментот во фазата по групи во Лигата на Шампиони.

Влогот во дербито е првата позиција во Д групата и избегнување на поквалитетните екипи во ждрепката за осминафиналето. „Бјанконерите“ имаат причина повеќе за победа во дербито, бидејќи на првиот меч во Барселона претрпеа висок пораз од 3-0.

Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри нема проблем со повредени и суспендирани играчи, додека стратегот на Барселона, Ернесто Валведре на располагање ги нема Маскерано, Арда Туран, Муса Дембеле и Андре Гомеш.

Натпреварите од А-Д сегментот по кои ќе се комплетира петтата рунда во групната фаза во Лигата на Шампиони ќе ги најават ЦСКА Москва – Бенфика и Карабах – Челси кои ќе започна во 18 часот.

Двојки:

Група А: ЦСКА Москва – Бенфика (18ч), Базел – Мен Ју

Табела: Мен Ју 12, Базел 6, ЦСКА Москва 6, Бенфика 0

Група Б: Андерлехт – Баерн Минхен, ПСЖ – Селтик

Табела: ПСЖ 12, Баерн Минхен 9, Селтик 3, Андерлехт 0.

Група Ц: Карабах – Челси (18ч), Атлетико Мадрид – Рома

Табела: Рома 8, Челси 7, Атлетико Мадрид 3, Карабах 1

Група Д: Јувентус – Барселона, Спортинг Лисабон – Олимпијакос

Табела: Барселона 10, Јувентус 7, Спортинг 4, Олимпијакос 1

OhridNews