Францускиот првак Пари Сент Жермен направи чекор напред, а деветкратниот шампион Реал Мадрид два кон 1/2 финалето откако во првите четвртфиналните натпревари ги совладаа Челси 3-1 односно Борусија Дортмунд 3-0.

Првиот „милионски“ дуел му припадна сосема заслужено на ПСЖ. Но, ништо не е загубено за „сините“ кои имаат активен пораз и сите карти се отворени.
Реванш натпреварите од овие четвртфиналните мечеви се играат во вторник на Стемфорд Бриџ односно Сигнал Идуна Парк.
Мх.П.











