Финскиот клуб Кокс стигна до својата трета победа во Лигата на Шампионите оваа сезона одмаздувајќи му се на Еурофарм Работник за поразот во Битола со триумф 23-21 (9-8).

Македонскиот претставник беше израмнет противник во текот на целиот меч, а во финишот имаше водство од 19-20 и 20-21 пред домаќините да постигнат три гола во низа за драматичен финиш. Работник досега има две победи во првата сезона во ЛШ, една над Рихимаки во Битола и минатонеделниот триумф против Савехоф.

Ловро Јотиќ имаше пет гола за Еурофарм Работник, а најдобриот стрелец во ЛШ, Владислав Остроушко, додаде 4 гола и сега има 57 во натпреварувањето.

OhridNews