Македонскиот првак Шкендија со коефициент 1.041 е на дното на листата учесници во овогодинешнот издание во Лигата на Шампиони. Единствено позади македонскиот првак е албанскиот првак Скендербег со коефициент 0,774.


Слабиот рејтинг ги става “црвено-црните“ во редот на не-носители, еве ја комплетната листа од можни противници на македонскиот првак :  БАТЕ Борисов (БЛР), Маkаби Хаифа (ИСР), Динамо Загреб (ХРВ), Росенборг (НОР), Партизан (СРБ), АПОЕЛ (КИП), Висла Краков (ПОЛ) , Штурм Грац (АУТ) , Литекс(БУГ)  , Слован Братислава (СЛО), Викториа Плзен (ЧЕШ), Марибор (СЛО), Хелсинки (ФИН), Екранас (ЛИТ), Зестафони (ГРУ) Малме (ШВЕ), Шамрок Роверс (ИРС).

Ждребката е на 20 јуни во седиштето во Нион, а првите мечеви се играат на 5 и 6  јули. Финалето во Лигата на Шампиони се игра на 19 мај во Минхен.

Ohridnews