На стартот од сезона ретко кој се надеваше дека Борусија Дортмунд ќе се пласира во финалето од Лигата на Шампиони. Но, како што одминуваше времето “милионерите“ се повеќе ги освојуваа неутралните љубители на фудбалот.


Тие со нивната напаѓачка игра лесно ја преживеаја групата на смрта и го освоија првото место без пораз.

Така продолжија во нокаут фазата. Во 1/8 финалето го елиминираа Шахјтор додека во четвртфиналето со два погодоци во судиското продолженија ја спречија Малага од сензација.

За пласман во големото финале второ во историјата на избраниците на Јирген Клоп им требаше чудо против “кралскиот клуб“. Тоа и се случи Роберт Левандовски експлодираше и постигна четири погодоци кои беа доволни за “чек ин“ на Вембли.

Мх.П.