Ракометарките на Вардар не успеја ниту во петтото учество на Ф4 да се искачат на највисокото место на ракометниот трон на Европа, откако по голема борба, пресврти и дополнителни десет минути изгубија од Гер со минимални 27-26, регуларен дел (20-20), а полувреме (9-9).

„Црвено црните“ во регуларниот дел од натпреварот имаа шанса за победа вредна златен медал, но не го искористија. Во дополнителните десет минути и покрај негативата од три голови стигнаа до напад за реми, но голманката Кис го скроти ударот на Чанаџија и донесе радост за „зелено белите“ навивачи во Будимпешта.

Натпреварот помина во изедначен тек, а најголема предност која ја достигна една екипа беше три погодоци. Во првото Гер имаше водство, а второто полувреме водството го контролираше Вардар. Последната шанса во регуларниот дел им припадна на нашите ракометарки кои на девет секунди не успеаја да упатат удар кон противничкиот гол.

Во дополнителните десет минути одбраната на Вардар немаше одговор за Аморим Талеска која погодуваше од секаде, а голманката Кис одбрани неколку клучни шутеви вклучувајќи и го последниот на Чанаџија.

Во составот на Гер кој по четврти пат ја покорува ракометна Европа најпрецизна беше Грот со осум голови, а Аморим Талески реализираше шест. Кај „вардарки“ најефикасна беше Андреа Лекиќ.

Во малото финале кое беше вовед за возбудувањата во финалниот меч победи ЧСМ Букурешт над Ростов Дон со 31-30.

Фото: Екипа.мк
OhridNews