Во среда, со одигрувањето на натпреварите во Е-Х половината во Лигата на шампиони ќе биде комплетирано четвртото коло. Атлетико Мадрид има можност по четири кола да си го обезбеди пласманот во нокаут рундата.
Македонските репрезенти во најсилното европско натпреварување Горан Пандев (Наполи) и Даниел Ѓеоргиевски (Стеауа), со своите екипи ќе играат против Олимпик Марсеј, односно Базел.
Дербито, исто како и пред две недели, ќе го одиграат Борусија Дортмунд и Арсенал. Пред 14 дена победа во Лондон забележа Борусија, а доколку ’милионерите’ забележат уште една победа тогаш речиси сигурно ќе се пласираат во нокаут рундата.
Дерби, но само поради славното минато, ќе биде и дуелот помеѓу Барселона и Милан. Каталонците се фаворити против екипата која игра катастрофално во оваа сезона.
Двојки :
Група Е : Базел-Стеауа, Челзи-Шалке
Табела: Челзи 6, Шалке 6, Базел 4, Стеауа 1
Група Ф : Борусија Дортмунд-Арсенал, Наполи-Олимпик Марсеј
Табела: Арсенал 6, Борусија 6, Наполи 6, Олимпик 0
Група Г : Зенит-Порто, Атлетико Мадрид-Австрија Виена
Табела: Атлетико 9, Зенит 4, Порто 3, Австрија 1
Група Х : Барселона-Милан, Ајакс-Селтик
Табела: Барселона 7, Милан 5, Селтик 3, Ајакс 1.
Мх.П.