Барселона лесно си ја одработи својата задача за пласман во 1/2 финалето, денеска на потег е Реал Мадрид да го направи истото против Тотенхем за пласман во понатамошната фаза. Веќе е познато дека ако Реал Мадрид се пласира во 1/2 финалето, љубителите на фудбалот ќе уживаат во “Ел Класико“. “Кралевите“ по првиот натпревар имаат огромна предност победувајќи ги “петлите“ со 4-0 на Сантијаго Бернабеу.


Тотенхем на реванш мечот на Вајт Харт Лејн нема што да изгуби,  од првата минута треба да нападне и да се надеваат на чудо. Менаџерот Хари Реднап на располагање ќе го нема англсискиот репрезентативец Питер Крауч кој заработи црвен картон на првиот натпревар. Арон Ленон доживеа повреда на натпреварот од Премиер Лигата но ќе биде подготвен за настап.


Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо ги советува фудбалерите да одиграат на исто ниво како во првиот натпревар. Во стројот на “кралевите“ се враќаат сите кои го пропуштија дуелот со Атлетик Билбао во “Ла Лига“.

Мх.П.