Дуелот во 1/2 финалето од Лигата на Шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Реал Мадрид е трет сезонава. Клубовите се сретнаа во групната фаза и во двата натпревари “кралевите“ не успеаја да ги совладаат “милионерите“.

На домашен терен избраниците на Јирген Клоп забележаа минимална победа 2-1, откако имаа негатива од 1-0 додека на Сантијаго Бернабеу мечот заврши без победник.

Португалскиот стратег на клупата од Реал Мадрид, Жозе Мурињо верува во трета среќа, но многу работи во овој двомеч ќе зависат од Кристијано Роналдо, кој е најдобар стрелец сезонава со 11 голиви.

Реал Мадрид со елиминација на Дортмунд во финалето на Вемвли ќе атакува на десеттата круна додека “жолтите“ на втората по онаа во 1996 година.

Мх.П.