Кипарскиот шампион АПОЕЛ, ќе се обиде да испише уште една страница од својата „фудбалска бајка“.

Екипата на македонскиот репрезентативец, Иван Тричковски, во вторник, во првиот четврт финален натпревар во Лигата на шампиони, ќе го пречека најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“, предоводен од Жозе Мурињо на клупата и Кристијано Роналдо на теренот, е апсолутен фаворит во овој двомеч, но сигурно е дека Кипраните нема да излезат со бело знаме. АПОЕЛ веќе ги елиминира беше подобар од реномираните европски клубови Зенит, Шахтјор, Порто и Олимпик Лион.

„Ова е најголем успех во историјата на клубот. Ние веќе направивме чудо, подвиг кој ќе биде тежок за повторување. Наша цел е да пружиме што е можно поголем отпор“, вели творецот на кипарското чудо, тренерот Иван Јовановиќ.

АПОЕЛ сезонава во европските купови победи на пет од седумте натпревари кои ги одигра на домашен терен, но традицијата вели дека никогаш во европските купови, кипарскиот тим не победил против екипа од Шпанија.

„Сите мораме да ги одиграме нашите животни натпревари, доколку сакаме да стигнеме до позитивен резултат“, смета еден од шестмината Бразилци во тимот, Аилтон.

Пред гостувањето на деветкратниот европски првак, во Никозија владее вистинска фудбалска еуфорија. Стадионот на АПОЕЛ има капацитет од 23.000 седишта, билетите се разграбани, за последните 300 влезници, во ред чекале 6.000 луѓе.

Стратегот на Реал, Жозе Мурињо, на патот до четвртфиналето има скор од 7 победи и реми против ЦСКА Москва. Реал досега, низ историјата, има играно 29 пати во четвртфиналето, а само шест пати не успеал да мине натаму.

Мурињо, има 100 отстотен ефект во четвртфиналните пресметки, во оваа фаза со Порто, Челзи и Интер играл четири пати и секогаш излегувал како победник.

Португалецот за мечот во Никозија се соочува со кадровски проблеми, Чаби Алонсо е суспендиран, а повредени се Ди Марија, Дијара, Калехон и Карваљо.

Можни состави:

АПОЕЛ: Киотис – Порсаитидес, Паоло Жорге, Оливеира, Боавентура – Караламбидис, Хелио Пинто, Нуно Мораиш, Марсињо, Аилтон – Тричковски.

Реал: Касиљас – Арбелоа, Пепе, Серхио Рамос – Кедира, Гранеро – Езил, Кака, Роналдо – Бензема

“макфакс“
Ohridnews