Со натпреварите Лион – АПОЕЛ, Леверкузен – Барселона, започнува нокаут фазата во Лигата на Шампиони. Македонија во разигрувањето ќе има двајца фудбалери, најдобриот фудбалер за 2011 година во Македонија, Иван Тричковски од АПОЕЛ и Горан Пандев со италијанскиот Наполи.

Кипарскиот тим АПОЕЛ се покажа како најголемо изненадување во првата фаза, освојувајќи го првото место во групата со (Зенит, Шахјтор и Порто). Еден од позаслужните за ваквиот пласман на АПОЕЛ е Иван Тричковски. Македонецот постигна еден погодок на дуелот со Шахјтор, но имаше значајна улога во победите на неговата екипа.

“Лавовите“ од Франција, се многу искускна екипа во европските натпреварувања, десет години во низа се во европскиот крем. Лион најблиску до финале беше во 2010 година, кога Баерн Минхен ги елиминираше во 1/2 финалето, а во неколку наврати стигнуваа до 1/4 финалето.

Како ќе се справат фаворизираните французи, со “залетаните“ фудбалери на АПОЕЛ, останува да проследиме вечерва во 20:45 часот.

Мх.П.