Иван Тричкоски и Александар Ставрев се македонските преставници во третата рунда од елитната Лига на Шампиони. Пред нови победи се фаворизираните екипи на Челси, Барселона и Милан.



Традицијата на страната на Челси

Осум години лондонски Челси нема пораз на домашен терен и таа традиција сините ќе се обидат да ја продолжат на мечот против белгискиот Генк. Последниот меч на “Стемфорд Бриџ“ Челси го загубија на 1 Октомври 2003 година од Бешикташ со 2-0.


Надругиот натпревар во групата финалистот од 2002 година Леверкузен го пречекува финалистот од 2000 година Валенсија. И двете екипи во финалните натпревари беа поразени од Реал Мадрид.

Арсенал не знае за пораз во Франција
Две победи без примен гол во првите две рунди за Марсеј кој на “Велодром“  го пречекува Арсенал. Тимот на Арсен Венгер никогаш не загубил натпревар на француско тло.  Овие два тима никогаш досега не се имаат сретнато на официјален натпревар.


Шампионот од 1996 година, Борусија Дортмунд е фаворит на гостувањето кај Олимпијакос кој претпре два порази во воведните рунди.


Тричко патува на Драго, Медведев гостин во Украина

Македонскиот интернационалец Иван Тричкоски кој во минатата рунда погоди за огромен бод против Шахтјор 1-1, е пред нов предизвик. Кипарскиот првак како лидер во оваа група гостува на Драгао кај Порто.


Во источноевропската пресметка Шахтјор го пречекува рускиот Зенит. Трите бода се приоритет во дуелот на старите ривали на кој најавено е присуство на рускиот претседател Дмитри Медведев.

Македонскиот судија Ставрев на центар на Камп Ноу
Мечот Барселона – Виторија Плзен ќе биде исклучително интересен за македонската јавност, бидејќи за прв пат во историјата на Лигата на Шампиони меч ќе води македонски фудбалски судија. Александар Ставрев ќе ја предводи македонската шесторка на Камп Ноу, на мечот на кој Барселона е апослутен фаворит. Милан исто така е апсолутен фаворит на мечот против Бате Борисов.


Двојки:
Група Е : (20.45) Леверкузен – Валeнсија, Челси – Генк
Група Ф: (20.45) Марсеј – Арсенал, Олимпијакоc – Дортмунд,
Група Г : (20.45) Шахтјор – Порто, Апоел -Зенит
Група Х : (20.45) Барселона – Плзен, Милан – Бате Борисов

Возбудувањата од натпреварите вo Лигата на Шампиони , следете ги во кафетерија “Офсјад“