Македонскиот интернационалец Иван Тричковски со тимот на Апоел се пласираше во четвртфиналето од Лигата на Шампиони. Напаѓачот беше прецизен во четвртата серија од пенал рулетот во кој Апоел го совлада Лион со 4-3.
Мечот во регуларниот дел заврши 1-0, идентично како првиот меч во Франција. Се играа продолженија,во нив немаше погодок по што се премина на изведување на пенали.
Во првата серија погодија Калстром и Аилтон, Лисандро со многу среќа погоди во втората серија, а предноста ја елиминираше Мораис.
Третата серија ја отвори Гоми, а Алесандру изедначи. Лаказет во четвртата серија промаши , а Тричковски погоди за меч топка за кипраните.
Јунакот во пенал рулетот е голмнот на домаќините Киотис кој го скроти ударот на Бастос и обезбеди историски пласман за првакот на Кипар.
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид утре ја пречекува екипата на Младост Богданци По репрезентативната пауза ни следи натпревар од домашното првенство против екипа...
Францускиот фудбалер Ванис Хонсор (22), член на Сент Дени, почина утрово за време на тренинг на својот тим на островот Реинион, француска прекуморска територија во Индискиот Океан Смртта ја потврди...
Во рамки на 10-то коло од ракометната Супер лига екипата на ГРК Охрид ја пречекува екипата на Младост Богданци Младост Богданци е екипа против која мора да пристапиме максимално сериозно и концентр...