Македонскиот интернационалец Иван Тричкоски е пред нов тест во Лигата на Шампиони. Милан без Касано отпатува во Белорсија, додека само победа е во мислите на “милионерите“ во мечот со Олимпијакос.


Челси и Леверкузен на гостувањата во Белгија, односно Шпанија ќе ги бркаат потребните бодови за да обезбедат пласман во елиминациската фаза. Челси е голем фаворит на гостувањето кај Генк, додека реми за “аптекарите“ на Местаља ќе значи пробив понатаму.

Двојки:
Група Е: Валенсија – Баер (Л), Генк – Челзи.
Табела: Челзи 7, Баер (Л) 6, Валенсија 2, Генк 1 бод.

Дерби пресметката меѓу двете првопласирани екипи ќе го одбележи денот во Ф групата. Во возвратниот дуел на “Емирати“ топчиите по сензационалниот триумф над Челси во премиер лигата, го пречекуваа Олимпик Марсеј. Победа е единствената опција за “милионерите“ во мечот со Олимпијакос до колку сакаат да останат во трка за едно од местата кои водат во нокаут фазата.

Двојки:
Група Ф: Арсенал – Олимпик (М), Борусија (Д) – Олимпијакос.
Табела: Арсенал 7, Олимпик (М) 6, Олимпијакос 3, Борусија (Д) 1 бод.

Тричкоски и неговиот Апоел ја предводат Г групата и се на чекор до обезбедување на пласман во наредната фаза. Втората епизода од источноевропската пресметка ќе се одигра во Русија, каде Зенит ќе го пречека Шахтјор.

Група Г: Зенит – Шахтјор, АПОЕЛ – Порто. Табела: АПОЕЛ 5, Зенит 4, Порто 4, Шахтјор 2 бода.


Милан и Барселона се огромни фаворити во пресрет на гостувањето кај Бате Борисов и Викторија Плзен. За Милан нема да настапи Касано, кој има здраствени проблеми и според италијанските медиуми претрпел срцев удар.

Двојки:
ГрупаХ: БАТЕ Б. – Милан, Викторија – Барселона. Табела: Милан 7, Барселона 7, БАТЕ Б. 1, Викторија П. 1 бод.

Возбудувањата од натпреварите вo Лигата на Шампиони , следете ги во кафетерија “Офсјад“