Барселона и Милан се првите патници во нокаут фазата. “Блауграна“ со “покер“ голови ја “поздрави“ Викторија во Плзен. Лионел Меси погоди трипати за негов петти погодок сезонава во ЛШ, со што е најдобриот стрелец во ова натпреварување. На бод до пласман се Арсенал, Челси и тимот на македонскиот репрезентативец Тричкоски, Апоел.


Ренан Брешан од пенал во вториот дел му помогна на Белорускиот првак Бате Борисов да остане непоразен во мечот со Италијанскиот шампион Милан. Златан Ибрхимовиќ ги доведе росонерите во предност.

Група Х :  Бате Борисов – Милан 1-1,  Плзен – Барселона 0-4
Табела: Барселона 10, Милан8, Бате Борисов 2, Плзен 1



Валенсија направи голем чекор напред кон пласман во елиминациската фаза совладувајќи го Леверкузен со 3-1. Јонас, Салдадо и Реми погодија за шпанците, додека почесниот гол беше дело на Кислинг. Генк и Челси ремизираа 1-1.


Група Е : Валенсија – Леверкузен 3-1 , Генк – Челси 1-1
Табела: Челзи 8, Баер (Л) 6, Валенсија 5, Генк 1 бод.

Борусија Дормтунд забележа минимален триумф над Олимпијакос, победа која ги остави во трка за едно од местата кои обезбедуваат елитен фудбал и на пролет. Арсенал и Марсеј ремизраа 0-0.


Група Ф:  Арсенал – Марсеј 0-0, Дортмунд – Олимпијакос 1-0
Табела: Арсенал 8, Олимпик (М) 7, Борусија (Д) 4, Олимпијакос 3 бода.

Значаен триумф за тимот на македонскиот интернационалец Иван Тричкоски на домашен терен против Порто со 2-1. Напаѓачот одигра солидни 85 минути во триумфот на кипарскиот првак. Зенит го победи Шахтјор со 1-0.


Група Г: Зенит – Шахтјор 1-0 , АПОЕЛ – Порто 2-1.
Табела: АПОЕЛ 8, Зенит 7, Порто 4, Шахтјор 2 бода.

Ohridnews