Љубителите на европскиот фудбал можат да тријат раце откако ждребката во 1/4 финалето донесе доста возбудливи и атрактивни натпревари.

Еден од возбудливите натпревари ќе биде оној помеѓу Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, кој ќе привлече најмногу внимание поради нивните дуели во минатото. „Баварците“ предводени од Пеп Гвардиола на клупата се фаворити против англискиот гигант, но „ѓаволите“ со кам бекот против Олимпијакос најавија дека во ниту еден момент не смеат да бидат отпишани.

Атрактивен во и надвор од теренот ќе биде дуелот на „богатишите“ Челси и ПСЖ. Од едната страна се руските милиони, а од другата катарските, но само за еден тим ќе има место во четирите најдобри.

Во фокусот секако ќе бидат Жозе Мурињо и Златан Ибрахимовиќ кои се главните ѕвезди во тимот. Токму тие ќе го имаат главниот збор во и надвор од теренот.

Минатата година Реал Мадрид во 1/2 финалето имаше неславно гостување на „Сигнал Идуна Парк“ кога Борусија Дортмунд славеше со 4-1. Тогаш четирите погодоци за „милионерите“ ги постигна Роберт Левандовски, кој поради жолти картони ќе го пропушти првиот 1/4 финален натпревар на „Сантијаго Бернабеу“.

Сезонава „кралевите“ играат многу поразличен фудбал и затоа се наоѓаат меѓу трите фаворити за освојување на титулата во ЛШ.

И фактот дека Роналдо и дружината поради фудбалерите Борусија Дортмунд минатата сезона не се бореа за златниот медал во финалето на Вембли ќе биде мотив повеќе за пулените на италијанскиот стратег Карло Анчелоти.

Шпанскиот фудбал ќе остане без еден преставник во ЛШ откако во 1/4 финалето ќе се сретнат Барселона – Атлетико Мадрид. „Јорганџиите“ со елиминацијата на Милан во 1/8 финалето покажаа решителност во Европа, но пред себе го имаат составот на Барселона, кој во своите редови ги имаат Меси, Нејмар, Чави и Иниеста и 100 000 публика на Ноу Камп.

Мх.П.