Шкотскиот претставник во Лигата на Шампиони, Селтик триумфираше со 3-2 на гостувањето во Русија кај Спартак.


До првата победа “детелините“ стигнаа со погодокот на Самарас во 90-та минута од мечот. Први поведоа гостите со голот на Хупер, резултатот го изедначи Еменике на крајот од првиот дел. Еменике повторно стрела овој пат за предност на домаќините, но тогаш Инсуралде добива црвен картон. Гостите вешто го користат со автоголот на Комбаров носат резултатски егал а три бода ги носи Самарас.

Со победата во Русија,  Селтик стигна до четвртиот додека русите сеуште се без бодови. Во вториот дуел од оваа група Барселона славеше со 2-0 над португалската Бенфика.

Мх.П.