Женскиот ракометен првак Вардар обезбеди пласман на завршниот турнир во Лигата на Шампиони откако пред своите гледачи го совлада Савехов со 24-18.

Таму за пласман во финалето противник на ракометарките на Вардар ќе биде екипата на Будучност, која заврши на втората позиција во втората група.

Избраничките на Индира Кастровиќ на завршниот турнир во Будимпешта ќе се обидат да го повторат историскиот успех на Кометал Ѓорче Петров.

Мх.П.