Ракометарките на Вардар пристигнаа и се сместија во Будимпешта каде по четврти пат ќе бидат дел од завршницата во Лигата на Шампиони. Покрај македонскиот шампион за тронот на Европа ќе се борат Букурешт, Будуќност и Ѓер.

– Четирите екипи учеснички на завршниот турнир имаат сила и квалитет за најголем дострел, инаку не би биле дел од ова друштво. Не ни помислуваме на финалето, туку целиот фокус го насочуваме кон полуфиналниот натпревар со Букурешт кој не очекува. Ланскиот пораз на Вардар од Букурешт е минато и нема враќање назад, а добро е што девојките имаат шанса за поправен. – рече тренерот на екипата, Ирина Дибирова.


„Црвено црните“ имаат големи очекувања и сакаат да се искачат скалило погоре од третата позиција која ја освојува во претходните три учества на Ф4 турнирот на стариот континент.

– Привилегија е да се биде дел од овој ракометен крем, но и обврска. Повеќе ќе треба да работиме и да покажеме на теренот отколку да зборуваме за да ги оствариме нашите цели, односно пласман во големото финале. Минатата година се израдувавме после ждрепката, а на теренот добро се „изгоревме“, затоа сите ветивме пред да дојдеме во Будимпешта дека ќе ги дадеме се од себе на мечот со стариот должник. – дополни околу ривалот на „вардарки“, Андреа Лекиќ.


Полуфиналната програмата на Ф4 турнирот во ЛШ ќе ја отворат Будуќност и Ѓер во 15 часот и 15 минути, додека Вардар дуелот со Букурешт ќе го одигра во 17 част и 45 минути.

OhridNews