Европскиот вицепрвак, Вардар ја забележа втората победа во првата фаза во Лигата на Шампиони, откако со 29-21 славеше против составот на Турингер.

Домашните ракометарки десеттина минути оддолеваа од нападите на „црвено црните“. На егал (6-6) ракометарките на Вардар направија серија 7-1 и стигнаа до солидна предност (13-7). До финишот на првиот дел македонските ракометарки го задржаа водството и на одмор заминаа со плус осум (19-11).

На стартот од второто полувреме избраничките на Ирина Дибирова со нова серија овој пат 3-1 дојдоа до двоцифрена разлика на семафорот и ги решија сите дилеми околу победникот.

Ракометарките на Турингер пред крајот на Натпреварот ја искористија ротацијата во гостинскиот состав и го ублажија поразот (29-21).

Во составот на Вардар најпрецизна беше Јованка Радичевиќ со 7 голови, а Андреа Лекиќ, Андреа Пенезиќ и Александар Лакребре имаа по пет голови. Кај домаќинките осум голови реализираше Ивета Лузумова.

OhridNews