Судијата со знакот на ФИФА, Касаи во првиот дел имаше неколку грешки меѓу кои двата недосудени пенали во корист на Баерн Минхен. Вториот погодок на “баварците“, кој го постигна Марио Гомез беше од сомнителна ситуација, а на третиот гол од Робен претходеше фаул од Милер. Ваквите грешки се мала утеха за Барселона, која беше на исто ниво со Унгарецот на првиот полуфинален натпревар.
Касаи во сезоната 2011/12 го судеше финалето во Лигата на Шампиони каде Барселона го совлада Манчестер Јунајтед на Вембли со 3-1.