Пред финалниот натпревар во Лигата на Шампиони управата на кралскиот клуб ги намали влезниците за фудбалерите од педесет на половина.

– Направивме се да добиеме повеќе билети, но не успеавме. Како кон вас така имаме обврска и кон нашите спонзори затоа влезниците се намалени – стои во соопштението.
Стадионот во Лисабон има капацитет од 65 000 гледачи, а на натпревари од европски ранг 61 000, а екипите учесници добиваат по 17 000 билети.
Во финалето од Лигата на Шампиони кое се игра в сабота ќе се сретнат градските ривали Реал Мадрид – Атлетико Мадрид.
Мх.П.











